Właściciel bloga: borko412

borko412
58, Skopje, Macedonia

Повторно истото чуство, тежок удар на мојте сопствени грешки на моето чело ...
Мирисот е лесен и дејствува. Можеби тој мирис е на некој поранешни сеќавања,
и деновите кој поминале како во лет еден по друг ... и не ме прашале ништо ...
Ни дали смејат, ни дали јас можам да се справам. Далеку се желбите и соновите ...
Подалеку отколку што некогаш беа. Овој пат не можам да ги стигнам ...
Не можам да потрчам по нив. Заостанувам. А тие си одат напред, одат,одат ...
Повеќе не се заинтересирани. Не ме сакаат мене ниту било што има врска со…



Зошто брзаме од детството да пораснеме, а кога ќе пораснеме ние би сакале повторно да бидеме
деца. Зошто го трошиме здравјето за да стекнеме пари, а потоа ги трошиме парите да би го вратиле
здравјето. Размислуваме за иднината заборавајќи ја сегашноста и на тој начин не живееме ниту во
сегашноста ниту во иднината. Не можеме никого да го натераме со сила да не сака, можеме само да
сакаме. Да сватиме дека не е богат кој најмногу има, него на оној кој намалку му треба.
Дека е потребно неколку секунди да ја повредиме саканата особа, а потоа и се потребни…



Под прељуба се подразбира физички контакт. Чет е приказна, поточно размена на пораки. Нема физички
контакти. Тогаш тоа не е прељуба. Добро тоа е јасно. Али ние кога ќе поставиме прашање дали е
чет прељуба и не мислиме на физички контакт, зарем не. Ние овде си пишуваме, шегуваме, бла бла,
а потоа може за момент да ни се случи да се поврземе со некого. Тоа поврзување наклонети сме да го
споредиме со неверство, али секако четот не е неверство. Меѓутоа се случуваат разни ситуации,
како во реалниот живот. Можно е да со некого подолг период да разменуваме…



Незнам вие што гледате во овие блогови, али јас ги гледам луѓето кои секои ден даваат дел
од себе, оние кои копираат и тие кои сами ги пишуваат стиховите.
По блоговите можат да се препознаат дали некој е среќен, разочаран, тажен...некако има
стана секојдневна навика како мал дневник на чувствата.
Па, што има врска ако некои се имаат да кажат во неколку реченици, нив им е доволно да ја
споделат со сите таа радост, тага, болка и среќа.
Многумина негираат, коментираат околу копираните на блогови, ако некој чита може да
примети дека не се без врска тие блогови.…



Да беше жив, денес ќе наполнеше 33 години и ќе имаше фантастична, светска кариера.
Би не поздравил со неговото препознатливо " ВЕ САКАМ СИТЕ. "
Помина доста време откако го нема и неговото отсуство дефинитивно се чувствува, особено
од аспект на квалитетната македонска музика.
Му се радувавме на секој негов успех, и не постои македонско семејство кое не ја преживеа
неговата смрт како загуба на сопствен син.
Излишно е да се коментира дополнително, за неговите заслуги знаеме сите.


02.04.2012

Моите блогови како да се без душа,
во нив непрекинато кулите се рушат,
кулатa за љубовта, кулатa за животот,
осеќам дури ни да се живее не е убаво.

Со секое пишување, поново умирам,
како секогаш по истиот пат да одам.
Али некоја нежна сенка стално ме прати,
се прашувам зошто, времето за мене го троши.

Не е таа обична сенка, сега знам,
таа сенка трпеливо чека, за да напишам,
таа се потхранува, од човечката болка,
таа ги пие солзите.

Денес ќе добие уште еден блог,
но сега пишувам за себе, со натаженост,
али не се за тебе, секој напишан збор…


Никогаш нема да жалам што те изгубив, затоа што никогаш не ни можев да те имам за вечноста што те сакам...!


24.07.2012

Некоја шанса ќе ја добиеш само еднаш во животот, и никогаш повеќе.
Обично иде по овој редослед: ќе ја добиеш, не си ја искористил, си ја пропуштил,
се каеш..... Да, се каеш. Тоа е најтешкиот дел. А потоа кога ќе сватиш дека каењето е само
губење на време, се обидуваш да одиш понатаму. А знаеш тогаш кој е најтешкиот дел ?
Најтешко е да се трудиш да не гледаш назад за она што си го пропуштил.....
Не чекај подобра прилика, пријателе, затоа тражејќи ја подобрата, ќе сватиш дека
најдобрата прилика си ја пропуштил.....


03.05.2013


Чудни се неговите патеки, ќе те однесе на разни лавиринти, ќе научиш многу работи, ќе прочиташ и
меѓу редови и на крајот доаѓаш до заклучок дека е вредно да се живее, вреди да се обидеш да го
најдеш она вистинското во себе, да подаруваш среќа, да живееш со тоа убаво чувство довека...
Наместо омраза, злоба, завист... подарувајте среќа и љубов без заборав.

Живееме во едно време, кое од ден на ден наметнува нови правила и норми на однесување. Се случува
да се изостават важни работи кои се составен дел од нашето секојдневие. Денешниот млад човек
забрзано…


Бев идиот, барав превише од нејзиното срце.
И додека гледав на најмалите грешки, не сваќав колку големи дела правеше за мене.
Покушв да ја избркам од мојот живот, и колку пати сум паднал толку ниско да ја избркам од
себе, колку пати таа ја спасуваше ншата љубов. Барав од таа жена злато и богатство кој
жвотот го нуди, а најголемото богатство беше со бисерите во очите кој другите ги викаа солзи...
Никогаш не рекла лош збор за мене, а јас ја грдев за секој нејзин чекор и секоја секунда
отчукана во нејзиното срце. Мислев дека во другите зени ќе најдам…


Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut