НЕДОСОНЕТА УБАВИНА
71, Prilep, Macedonia

Недосонета убавина

На патот кон безумието, крикот, молкот, безвиделините и лажната надеж

тргнавме.

А по пат не се сретнавме и стапките не си ги нагазивме.

Правевме седела ластовични од сламки и пердуви, и огради трнливи со боцки и коља

иструлени

А каде може да се виде патека на плачните собитија и траги засечени во соништа

недосонети?

Високо горе кон стрмнините и врвовите недосонети, како врвеж на мисли се крева

бездарлукот и клетвите недоречни.

А таму каде синилото се допира со висините, и се топи во убавина и занос, стоиш ти, иста

онаква каква те паметам .

Преплавена со убост, како најсјајна ѕуница после пролетен дожд,

Со насмевка која опива, и буди длабоки чезнеења и страсти .

А Бисера ти беше името , кое наликуваше на бистрината од твоите очи.

и блесокот на твојата насмевка

И никој не може да ги замре сеќавањата , синилото кое се шири и светлината која низ блскот

гали и топли.

Зашто ти си там, стопена во бескрајот и убавината над врвовите , мислите и соништата .

Ти си стопена во убоста , вечноста и неискажаната љубов

Liczba odwiedzin: 53
 
Komentarze

Na razie nie ma żadnych komentarzy.
Dodaj komentarz aby rozpocząć dyskusję!

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut