28.03.2014
 Мирот...
58, Skopje, Macedonia


Мирот не може да се добие, тој е веќе тука. Мирот не може да се подари, тој треба да се
разбуди, бидејќи го има во секој од нас. Ние сме мирот, среќата, љубовта и се што е спротивно
на ова не е наше, тоа не сме ние. Ние сме чистота, изградена од чисти чувства и природно
немаме зло во нас. Децата немаат зло во себе, тие се чисти и со невина душа.
Затоа почуствувај во себе како ти било кога си бил дете и нема да видиш никакво зло.
Злото е измислица на егото, немирот потекнува од злото, а злото е незнаење на вистината.
Вистината дека сите сме светлина и не случајно сме дојдени на овој свет; за да покажеме дека
љубовта постои во секаков облик, во бесконечно многу облици, а еден од нив сме ние!

Мирот повторно ја буди љубовта во срцето, која дотогаш спиела. Само човек во мир, ја
спознава љубовта во себе, затоа што мирот му овозможува јасен ум, чисто срце, и спокој во
душата. А кога е се чисто и јасно како сонце, тогаш единствено нешто што останува е љубовта.



Далеку од градската бучава, испреплетените енергии кои во хаос се слеваат меѓу луѓето, се
наоѓаат местата кои што бесплатно го нудат мирот. Но сепак, мирот е состојба на смирение и
не зависи директно од другите, туку од нас самите. Каде и да одиме, со нас се носиме,
и нашиот мир или немир, нашиот очај или нашата љубов, среќите или несреќите.

Мирот е во нас. Мирот е во тебе, разбуди го за да ти биде убаво.
Не постои формула за мир - само дозволи да ти се случи, затоа што ти е во срцето.
Ти одлучуваш каков живот ќе живееш, ти одлучуваш дали ќе бидеш слободен и ќе љубиш,
или ќе бидеш заробен од илузијата и ќе се мачиш...

А нема ништо подобро од мирот на овој свет, во овие времиња кога бучавата станува
прегласна.

Liczba odwiedzin: 48
 
Komentarze
LadyM68 28.03.2014

*YES* *THUMBS UP*

mak2008 28.03.2014

...Мирот е во тебе, разбуди го за да ти биде убаво...

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut