Недоглед
58, Skopje, Macedonia


Чекорев на патот на достоинството и уживав во нотите на тишината. Живеев за деновите во
кои сонцето нежно ме галеше продирајќи низ стаклото на прозорецот.
Се смеев, бидејќи луѓето уживаа во мојата насмевка, а бегаа од мојата тага. За нив бев само
силуета во мракот, фантом кој се одразуваше низ уличната светлина и ја оддаваше својата
топлина на вжештениот асфалт. Бев само тело, без срце и душа, материја без граѓа, идеја без
смисла. Бев проsирен за оние кои некогаш беа дел од мојот живот, а егзотично го обојував
животот на оние кои не го заслужиле.
На раскрсницата секогаш го одбирав патот кој ме носеше до апатичната судбина. Не гледав ни
лево, ни десно, а чекорев како дух навраќјаќи се на минатото и следејќи ги стапките на
иднината. За мене сегашноста беше мртва! Качен на кочијата кој мислев ме носи пред портите
на рајот, стигнав до штуроста и болката. Подзастанав за момент... Увидов дека е убаво да се
живее за малите нешта.
Убаво е кога некој денот го започнува со насмевка, пријателски разговор, топла прегратка од
личноста која се опишува како ЉУБОВ.
Одеднаш немајќи ништо добив се... Благодарение на денот кога престанав да живеам за
другите, денот кога се запознав подобро самиот себеси, денот кога престанав да бидам
обично човечко битие...
Времето кога почнав да го гледам убавото во грдото, доброто во лошото, радоста во болката,
љубовта во омразата...

Тој ден сега е присутен низ сите следни што доаѓаат.

Liczba odwiedzin: 79
 
Komentarze

Na razie nie ma żadnych komentarzy.
Dodaj komentarz aby rozpocząć dyskusję!

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut