Ние ги градиме врските
58, Skopje, Macedonia


Познато е дека одржувањето на една врска е трајна задача, но наградата за тоа потполно го оправдува
трудот доколку, се разбира, сте го избрале правиот партнер и во него сакате да " вложувате ".
И машките и женските подеднакво се одговорни за тоа што го прават. За повеќето парови чесните
намери и љубовта се неопходни, но не и доволни да го осигуруваат виталниот однос.
Затоа е неопходно да си веруваат еден на друг, да не ги потценуваат постапките еден на друг и да не го
потценуваат она што на другиот му значи нешто.

Врските не се случуваат - ние ги градиме

- Многу од нас израснуваат верувајќи во " хемија " помеѓу партнерите. Ние се заљубуваме, но не
одлучуваме за тоа свесно, тоа е нешто што едноставно се случува. Но кога страстите малку ќе стивнат
( колку тоа ќе трае зависи од двајцата ) ни станува јасно дека врската повеќе не оди, во нема мора да
се вложи многу напор и труд. На љубовта и треба нашиот разум и желба оној кој го сакаме да го
направиме среќен. Освен тоа, потребно е да разговараме. Текот на врската не зависи од среќата и
судбината, тоа е резултат на нашите свесни одлуки за кои сме ние самите одговорни.
Тоа што ја загрозува скоро секоја врска е мрзливоста на која сите, пред или после, ќе подлегнеме.
Не смееме да зборуваме дека не постои статичен однос и дека секоја врска расте или пак пропаѓа.
Ако ова го сфатите правилно, ќе бидете во голема предност, затоа што ќе си влеете надеж и оптимизам.
Наместо гледач, станете активен учесник и изградете однос.

Љубовта може да се " заспие ", но немора да " умре"

- Секој кој е во брак или долга врска постојано се плаши дека стагнацијата може да значи и крај на
врската. Сите ние се плашиме дека љубовта ќе почне да бледи и да исчезне. И покрај ова стравување,
факт е дека љубовта реко умира. Кога ни се чини дека во некоја врска нема љубов, тоа значи дека
нешто друго над владеало, дека негативните чувства ги покриле позитивните.
Кога сме лути и разочарани, дозволуваме ова чувство да ја надвладее нашата љубов.
сите имаме потреба да се штитиме себе си кога се чуствуваме повредени и отфрлени. Тогаш се
повлекуваме во себе и мислиме дека љубовта исчезнала. Но често не е така. Љубовта може и да оживее.
Треба да се сетиме на чувствата на почетокот на врската и да сфатиме дека тие биле вистинските.
Токму таа љубов на почетокот се можностите кои се пред нас. Љубовта може да се оживее, но пред се
треба да се ослободиме од гордоста, која често знае да растури многу врски. Пробајте во своите чувства
да пронајдете разбирање и прошка. Сите грешиме. Не дозволувајте негативните фактори да ја
" убијат " вашата врска. Погледнете малку подлабоко во себе - тука е љубовта...


Liczba odwiedzin: 23
 
Komentarze
birinec 27.02.2013

Ljubovta e dlaboko cuvstvo , a mozda i hemija, koja naletuva na nas i ne opijanuva i pravi srecni . Problemot e sto vo toa pijanstvo cesto pravata ljubov se pomesuva so erosot , koja e samo stras ,koja moze da sogori kako plamen., Vistinskata ljubov navistina ne umire, no za zal ne sekogas e i srecna. *THUMBS UP*

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut