ПОСТОИ ЉУБОВ ...
58, Skopje, Macedonia

Постои љубов !
Која не ја приметуваш, зошто таа така нежно ни ги допира нашите ладни секојдневници,
да не би можела да ги промени, се додека ние не и пружиме рака.

Постои љубов !
Која вее како торнадо, и после која ги остава скршените мечтеења и остатокот од животот.

Постои љубов !
Која ја чекаш, со денови, со недели, со месеци и со години, а таа никако да дојде,
се зарекла за непостојана.

Постои љубов !
Која се двоуми дали да го пројде прагот на сегашноста. Понекогаш тоа и го прави.
А понекогаш просто останува за во иднината. Многу често - засекогаш.

Постои и таква љубов !
Која било што да се дешава или не, ја менува свеста, крши карпи, прави чуда за чуда.

Таа љубов знае понекогаш многу да боли, а понекогаш многу да усреќи. Понекогаш те води,
а понекогаш е слепа. Понекогаш те убива, али да би ти поново би се родил ...
А понекогаш за секогаш да те убие.

Таквата љубов не можеш да ја створиш, не можеш да ја тражиш. Спрема таквата љубов
не можеш да бидеш ни рамнодушен.

Кога ќе се деси, ти просто ќе знаеш дека е ТАА. Ќе знаеш, дека пред тебе нов животен пат.
Ќе знаеш, дека повеќе нема да биде како порано, Ќе знаеш и кога си сам,
нема да бидеш истиот како порано.

Таа е правата љубов - таа која останува. Макар и да те остави еден ден, еден дел ќе
остане длабоко во пукнатините во твоето срце и сомеланхолија ќе те потсеќа на нејзе.

Таа останува во погледот и со солзите во очите. Останува и во соновите на ноќе, и во
успомените дење. Останува истовремено и во прошлоста и во сегашноста и во иднината.

" Затоа што само ЉУБОВТА може ... "








Liczba odwiedzin: 34
 
Komentarze
detelinka 29.03.2012

Затоа што само ЉУБОВТА може ... " :-)

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut