Тајната на животните клучеви
58, Skopje, Macedonia


Како и зошто доаѓа до тоа школката да произведе бисер?

Како прво тоа е зрно песок кое продрело во школката и претставува тешкотија за неа и ја нервира.

" Ах, како ќе се ослободам од ова? Ме гребе, ме нагризува. Што ќе правам? " - Си вели таа во себе.

И еве каде се собира, медитира... до денот додека да сфати дека не може никогаш да се ослободи од
тоа зрно песок, туку дека може да го обработи на таков начин што ќе стане мазно, сјајно и тркалезно.
И така тоа ќе и успее таа е среќна.

" Ах, совладав една тешкотија " - си вели себе си.

Илјадници години бисерната школка го учи човештвото, ама луѓето не ја сфатиле лекцијата.
Која е таа лекција? Дека ако успееме да ги претвориме нашите тешкотии и се што не нервира во
светла, прозрачна и блага материја, ќе имаме непроценливо богатство.

Затоа веќе од денес, наместо да живеете и да се нервирате во себе не превземајќи ништо,
потрудетесе да ја произведете таа исклучителна и специјална материја со која ќе ги надминете
своите тешкотии.

Тајната на посебните клучеви

Вчера сте успеале да решите некој проблем, ама еве денес пред вас е нов проблем: вие никако не
смеете да го употребите вчерашното решение.

Не можете сите врати да ги отворите со ист клуч. Исто така и во психичкиот живот постојат различни
клучеви за различни врати. Ако секогаш сакаме да употребиме ист клуч, ќе останеме пред затворена
врата...

Три суштински клучеви се љубовта, мудроста и вистината. Љубовта која го отвара срцето,
мудроста која го отвора разумот и вистината која ја отвара волјата.

Кога треба да решиме некој проблем, обидете се со различни клучеви.
Ако првиот не отвори, другиот сигурно ќе отвори...



Liczba odwiedzin: 22
 
Komentarze

Na razie nie ma żadnych komentarzy.
Dodaj komentarz aby rozpocząć dyskusję!

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut