04.06.2012
ZOSTO????
63, Kumanovo, Macedonia

Одете си вие проклети демони на лагата
Зошто постојано ме следите
Зошто постојано ја мачите мојата душа

Тука сте само кога ви требам
А не сте тука кога ми требате
Земате кога ви давам
А не давате кога барам
Доаѓате и заминувате
Лажите и сведочите лажно зад туѓ грб
Му пробивате нож в гради на онај кој ве брани
Му пеете песни со празни зборови
Му кажувате јасно „Те сакам“
Но, всушност мислите „Ох, колку те мразам“

Зошто сте такви?

Човек ви бара вода, а вие му давате леб
Го оставате да жеднее неговото суво грло
Човек ви бара зрно прашинка, а вие му давате цела земја
Таа цела земја не е вредна, ни колку дел од прашинката

Зошто сте такви?

Човек ви дава да се огреете од неговото огниште
А вие го гасите штом ќе ви стане жешко
Човек ви го отвора својот свет храм
А вие удирате со камен и плукате по него

Зошто сте такви?

Умеете ли да сфатите што сум јас?

Моето срце е ковчеџе со златно катанче
Се отвора за вас
А вие безполезно го трошите богатството
Во него има љубов, колку добрината на Бог
Во него има топлина, колку светлината на Бог
Во него има чистина, како молитвите на Бог

Зар не сфаќате вие блудници, страдалници
Верувачи во празни идеали, неверници
Вие лицемери, искористувачи и љубомори

Моето срце е свето
Мојата душа е чиста

Вие ја газите со вашите нечисти стапала
Не ви е гајле што ќе оставите трага
Само слепо трагате по она што ви треба

Но, еден ден ќе се каете
Сте го оставиле она што е до вас
За да го стигнете она што е пред вас
А кога ќе сакате да се вратите, веќе ќе биде касно
Сте го разминале...

Liczba odwiedzin: 72
 
Komentarze
borko412 04.06.2012

*OK*

VOCKO 05.06.2012

*OK* *OK* *HI* *HI*

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut