29.12.2011
вицови
36, Municipality of Negotino, Macedonia

Инсектите играле кошарка против лавот, жирафата, лисицата, волкот и мечката. Инсектите како бавни и ситни не постигнале ниту еден поен, а големите животни, особено жирафата, само ги прескокнувале и го полнеле кошот на инсектите. На полувреме резултатот бил 80-0. Во второто полувреме во игра кај инсектите влегла стоногалката. Таа успеала целосно да ја сврти играта со кошеви што ги давала качувајќи се со своите силни нозе на главата од жирафата. Натпреварот завршил со победа на инсектите. Додека славеле, тренерот ја прашал стоногалката:
- Ти одлично играш, но што правеше цело прво полувреме?
- Ги врзував патиките – одговорила стоногалката

Трпе се враќа од кај љубовницата накај дома и забележал дека мириса на нејзинот парфем. И додека мислел како да го покрие мирисот, видел еден бар и влегол внатре. После десет-дваесет пива испиено, тргнал накај дома. Трпана го пречекала и нервозно му рекла:
- Колку и да си се намирисал со женски парфем, ја знам дека ти пак си пиел

Македонец, американец, германец и грк се качиле на облакодер.
- За Америка! – рекол американецот, скокнал и умрел.
- За Германија! – рекол германецот, скокнал и умрел.
- За Македонија! – рекол македонецот и го турнал гркот.


Го прашуваат Цветко :
- Кои девојки повеќе ти се допаѓаат, оние што зборуваат многу или оние другите?
- Кои други бе?

Пензионерка:
- Момче, може да те замолам да станеш за да седнам?
- Да, може.
И ништо не се случува. Пензионерката повторно:
- Момче, ама ако може да те замолам да станеш.
- Да, да, се разбира дека може.
И повторно ништо. Пензионерката:
- Ама, момче, може ли да те замолам да станеш?
- Па, замолете ме веќе еднаш!


Liczba odwiedzin: 5
 
Komentarze

Na razie nie ma żadnych komentarzy.
Dodaj komentarz aby rozpocząć dyskusję!

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut