ЗАЕДНО ДА СПАСИМЕ ЕДНА НЕВИНА ДУША...
33, Strumitsa, Macedonia



Активистите на битолскотот здружение “Мали херои” привремено го згрижија несреќното куче со две скршени задни нозе во импровизирано живеалиште, откако пред два дена, го извлекоа од канал кај Сточниот пазар во Битола. Кучето таму било оставено со недели, неподвижно и во болки. Се претпоставува дека кутрото животно било удрено од автомобил, а потоа за да не пречи на патот, некој го врзал со јаже и го одвлечкал до каналот со отпадни води. На задните нозе тоа се уште има траги од јажето.

-Во 2 часот по полноќ ни јавија дека има повредено куче во каналот, а ние веднаш се организиравме за да го спасиме. Првата средба со Лаки беше трогателна. Кога се доближавме до него, не поздрави со тажно цвилење,а очите му светеа во мракот. Задните нозе му беа во ладна вода со денови, едвај го извлековме од каналот. Веднаш повикавме ветеринар, кој го прегледа, му даде терапија, но рече дека овде во Битола нема можност да се направат рентген снимки,за да се види во каква состојба му се нозете, изјави Светлана Марковска, од Зружението за заштита на животните “Мали херои”.


Несреќнотот кутре сега чека помош. Активистите на Здружението ‘Мали херои” кои го спасија од сигурна смрт, се надеваат дека ќе соберат пари и ќе му овозможат на Лаки операција за скршените нозе. Веруваат дека сеуште има надеж за ова куче и дека еден ден Лаки повтроно ќе трча.

-Ги молиме сите оние кои се во можност да донираат пари или пак да помогнат со возило да го однесеме кучето во Скопје, каде треба најпрво да се прегледа, а потоа доколку е возможно да се направат потребните операции”, рече Марковска.

Здружението „Мали херои” утрешниот светски ден на бездомните животни, 4 април, ќе му го посвети на кучето Лаки. Ги повикуваат сите оние кои се во можност, на 7-ми април (сабота) да донираат средства на штандот што ќе биде поставен на битолски Широк Сокак и да помогнат за лекување на Лаки.

Тажната приказна не застанува тука. Се обидуваме да го спасиме, меѓутоа немаме доволно средства, немаме каде да го сместиме, ни треба некој со топло срце да му овозможи засолниште. Без скршеницата изгледа како сосем здраво куче, мешанче од аљаски маламут.Се молат сите кои би сакале да помогнат, да донираат средства за кучето.
Трансакциона сметка:


ВЕ МОЛИМЕ ДОНИРАЈТЕ, СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА СЕУШТЕ ИМА ЛУЃЕ СО СВЕСТ И СРЦЕ.



Liczba odwiedzin: 196
 
Komentarze
Suki 07.04.2012

donirano

Pane-G 05.04.2012

ВЕЌЕ ДОНИРАВ ;)

Suki 05.04.2012

Super

Trajce 05.04.2012

E ova go ìma samo kaj nas vo Mk

Pane-G 04.04.2012

човек на човека е ВОЛ,морее полошо од животното,во сабота трк во банка ќе донирам,а ако можам дури и утре.

mohicanec 04.04.2012

da se stavime nie vo negova pozicija ?????

Beasts 03.04.2012

Oh my God :'-( :'-( :'-( :'-( :'-( :'-( :'-( :'-( :'-(

Suki 10.04.2012

donirano

fontana 10.04.2012

*THUMBS UP* *YES*

Save Jovanova 16.04.2012

И јас донирав. Имам информација дека Лаки е во сигурни раце и има тим доктори што се грижат за него.

Pane-G 12.04.2012

има ли некој информации,што направи и каква е сега состојбата на кутрово куче бидејќи донирав и имам право да знам што се случува и на крај еутаназија не доаѓа предвид.!!!!

kobra 09.04.2012

grrrrrrrrrrrr ima li nesto po gnasno na ovoj svet od covek?

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut