Ништо ново на вестите
45, Skopje, Macedonia

Ај си викам да погледнам малку вести...може нешто позитивно бива во Македонија.Но,не е така.
Вака започнаа-Повторно се полни Македонија со оружје,денес се убиени некој веќе познати терористи за овие простори.Јас вистина не можам да разберам од каде таа сила и храброст да правиш нешто,а истото никогаш да не може да биде остварено.Уште ли има болни мозоци,кој сакаат војна.Колку ли луѓе загинаа,колку ли само пари земаа од невиното Албанско население по селата.Само нека молат бога,тоа невино население да не се самоорганизира,тогаш незнам кој ќе може да ги спречи да ликвидираат се пред себе.Ни ДУИ,ДПА....никој нема да има сила против народот.Не се повеќе обичен народ во очите на политичарите,кој ќе може да манипулира со нив.Албанците веќе знаат се........
Следно-Повторно нашата таканаречена безбедна железница однесе нова жртва.Прегазен е старец.А знаете што е најинтересно...го смениле директорот со нов партиски човек директно прекомандуван од нашето собрание.Сега тој има тата-мата да направи.Радувајте се луѓе,и сите да патуваме со воз.Нема повеќе возовите да се движат по нивите,сега како што треба ќе биде,шините биле автопат за возот.
Потоа-Функционерите не ја кажувале имотната состијба.А имале обврска донесена со закон...пазете со закон.Сега ќе биле гонети и тоа повторно со закон.Закон,закон,закон......а кој ги носи законите,се извинувам ако сум дрзок во вашите очи.Вистина,едвај чекам да има избори,ќе трчам,ќе трчам и ќе трчам да гласам.......Па јас имам обврска со ЗАКОН......
Друго-Миленко Неделковски требало да оди во затвор.Измамил многу луѓе и придобил за себе 150.000 долари.Но се збори дека некој го штити,демек тој станал партиски послушник....нема врска,новинарите се криви за се,го лажат народот.

На кратко напишав што доживеав за околу 15-20 минути,гледајќи вести.
Знам имаме ние различни вести,па ако сте чуле некоја позитивна информација пишете......
Но знам уште нешто,вечерва е финалето на купот на УЕФА во фудбал,па кој барем малку милува групни спортови нека повели на канал 5....Атлетико и Фулам ќе приредат прекрасен театар за нашите очи....во тоа ве уверувам.
ПОЗДРАВ.

Liczba odwiedzin: 62
 
Komentarze
bik4e 13.05.2010

Обама дал предлог да се викаме Северна Македонија и ПапаАндреус да го реши спорот со нас до крајот на летото,Србија има најголеми шанси да влезе во ЕУ :-)

Гордон Браун дал отказ .. Дрн Дрн јарино :-!

VOCKO VOCKO 13.05.2010

Македонија во земјата на чудата,најубаво да се викаме.....
Вестите се нешто што најмалку треба да се гледа *YES* *YES*
*HI*

Blog
Blogi są aktualizowane co 5 minut